96
Кратење на влакната пред епилација
Ако одлучите да ги кратите влакната за
да ја постигнете идеалната должина на
влакната, поставете го чешелот OptiTrim
(a) на главата за бричење. Влечете го
поткаструвачкиот/делот за бричење на
опција поткастрување (« » ).
Држете го апаратот на начин што чеше-
лот на OptiTrim ќе биде поставен рамно на
кожата.
Управувајте со апаратот така што врво-
вите на чешелот ќе ги движите во правец
спротивен од правецот на растење на
влакната, како што е покажано на
илустрацијата (C2).
Заради тоа што влакната несекогаш расте
во иста насока, исто така движете го
апаратот малку дијагонално или пак во
други правци со цел да ги постигнете
посакуваните резултати.
Чистење на главата за бричење
По секоја употреба, исклучете го апаратот.
Чистење на четката
• Притиснете го копчето за ослободување
(d) за да ја отстраните главата за
бричење (D1). Подчукнете го нежно
задниот дел на главата на бричот на
рамна површина (не на подлогата).
• Исчеткајте го делот за сечење како и
внатрешноста на главата за бричење.
Во секој случај не чистете ја подлогата
за бричење со четката, заради тоа што
тоа може да ја оштети подлогата.
Чистење со вода
Притиснете го копчето (d) за да ја
отстраните главата на бричот. Измијте ја
главата на бричот и делот за сечење
одделно под млаз вода (D2). Оставете го
делот за сечење и рамката на подлогата
одделно да се исушат пред повторно да
ги поврзете.
Одржување на додатокот - главата за
бричење во одлична состојба
• Деловите за бричење треба да се
подмачкуваат редовно, односно на
секои три месеци (Е). Доколку ја
чистите главата на бричот под млаз
вода, ве молиме подмачкајте ја по
секое чистење.
• Нанесете некое лесно масло за машини
или пак вазелин на подлогата за
бричење како и на металните парчиња
на поткаструвачот за долгите влакна.
Потоа отстранете ја главата за бричење
и повторно нанесете количински малку
вазелин, како што е прикажано на
илустрациите (Е).
• Подлогата за бричење како и делот за
сечење се прецизни делови кои треба
да се сменат на определен временски
период. За да ја задржите оптималната
изведба на бричењето, сменете ги
подлогата за бричење како и делот за
сечење кога ќе забележите дека бри-
чењето не е веќе толку ефективно.
• Не се бричите со оштетена подлога или
пак кабел.
Како да ги замените деловите за бричење
Подлога за бричење: Притиснете го
копчето за ослободување (d) за да ја
отстраните рамката со мрежа и заме-
нете ја со нова.
Дел за сечење: За да го отстраните
делот за сечење, притиснете го и
свертете го за 90° (G1), потоа извадете
го. За да го ставите новиот, притиснете
на држачот за делот за сечење и
свртете го за 90° (G2).
Деловите кои се за замена (подлогата за
бричење, делот за сечење) можете да ги
најдете кај вашиот продавач, или пак во
центрите за грижа на корисници на Braun.
92272780_SE7681WD_CEE.indd 9692272780_SE7681WD_CEE.indd 96 09.05.12 10:5209.05.12 10:52